07 April, 2008

Четврто меѓународно биенале во мала графика - Тетово 2008



На 26 март 2008 година во Центарот за култура во Тетово беше отворена изложбата на мала графика - Четврто меѓународно биенале во мала графика - Тетово 2008.

Жирито ги додели следните награди:
  • Grand Prix - Калојан Илиев - Бугарија
  • прва награда - Зоран Јакимовски - Република Македонија
  • втора награда - Вирај Наик - Индија
  • трета награда - Маркос Варела - Бразил
  • две откупни награди - Ивана Настеска и Нагиб Исмаили - Република Македонија
  • Специјална награда на жирито освои Вилела Тера од Бразил














Изложбата ја отвори заменик министерот за култура во Владата на РМ Слободан Деспотоски.
За Биеналето пред тетовската публика зборуваше и Веле Цветановски - spiritus movens на биеналето. Според него ова биенале е веќе влезено во календарите на големите графички изложби во светот од овој вид (Краков).








Графики од изложбата...
За ова биенале пристигнаа1200 графики од 300 автори од 50 земји од целиот свет.















Публиката со голем интерес ги разгледуваше експонатите...








Велимир Цветановски и Александар Настески






Од подготовките...


Тетово - градот домаќин на Биеналето.